2win800x200

Поставен камен темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп

Јули 26, 2024

Денес е поставен камен темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. 

Станува збор за проект вреден над 100 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри.

На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, што е и негова прва официјална посета на Битола откако е премиер на Влада. 

Нема достапен опис.

-Овде сме заради еден вреден проект реконструкција на коловоз во должина од 1,3 километри на потегот од „Лук Оил“ до ГУП, односно до самиот влез во градот кај таблата што пишува Битола. Делницата која опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредува површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. Влез кој заслужува да биде направен оти беше болна точка, беше влез кој недоликуваше, рече градоначалникот Тони Коњановски. 

Ветувањето е исполнето, очекувам брзо да се заврши овој влез со што ќе биде заокружена една целина, рече премиерот Мицковски на денешниот настан. 

-Битола има посебно значење во реализацијата на ветени проекти. Битола полека но сигурно, во овие години откако Тони Коњановски е градоначалник со администрација се обидуваат да реализираат што повеќе прокети, рече Мицкоски. 

Инаку Коњановски кажа дека сите правни постапки се завршени околу изградбата на булеварскиот влез во делот на експропријацијата, а изведувач на работите е ГП Гранит.  

Нема достапен опис.

А.Б

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани