2win800x200

Свечено отворено 54 то издание на Илинденски денови

Јули 27, 2024
Синоќа на платото на Офицерски дом беше свечено отворено 54 то издание на Илинденски денови под мотото „ Уметноста на традицијата “ .
Фестивалот беше отворен од страна на потпретседателката на Собранието на Република Македонија како покровител на Илинденски денови г-а Весна Бендевска.
Министерот г-дин Зоран Љутков, во своето обраќање истакна дека Министерството за култура и туризам во иднина значитеелно ќе ја зголеми поддршката на фолклорните ансамбли со одвојување на поголеми финансиски средства за нивно функционирање, а со тоа одржување на македонската традиција низ фолклорот.
Можно е да е слика од 15 луѓе, толпа и текст
Во име на општина Битола се обрати градоначалникот Тони Коњановски кој нагласи :
„Уметноста на традицијата“ е во нејзината моќ, зачувувајќи ги вредните културно историски спомени и облежја да направи поврзување и зближување во денешнината, градејќи цврсти врски на пријателства, меѓусебни запознавања и зближувања, инвентивност и промоција.
54 години нашиот Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, расте и се издигнува задржувајќи го своето главно обележје на промотор на македонската традиција, но истовремено отворајќи ги вратите за запознавање и промоција на другите народи, интернационални култури и традиции.
Досегашната претфестивалска програма, преку мелодиите на традиционалните инструменти, богатиот вокално инструментален и играорен репертоар, етнографските филмски проекции, традиционалните работилници за творештво и инспирацијата во денешнината од македонската народна носија, веќе ја создадоа магичната атмофера која се чувствува во Битола. Традиционалното дефиле, само ја потврди магијата на светскиот фоклор низ битолските улици, која децении наназад го означува стартот на фолклорниот караван.
Можно е да е слика од 15 луѓе, толпа и текст
Затоа, вечерва, сакам да Ви посакам топло добредојде на сите гости на фестивалот, а на програмските учесници од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД, им посакувам успешни изведби и настапи, со кои верувам дека ќе ја воодушеват нашата публика.
Деновиве, Широк Сокак, Старата чаршија, но и други локации низ градот, ќе пулсираат во ритамот на светската култура и традиција, пренесувајќи ја богатата фолклорна ризница на големиот број домашни и странски гости.
Пред нас имаме креативно богати фестивалски денови, во кои верувам ќе уживате сите присутни.
Фестивалот „Илинденски денови“ и годинава е подготвен за создавање на незаборавни впечатоци креирани токму низ „Уметноста на традицијата“.
Градоначалникот Коњановски посака уште едно успешно издание на фестивалот кое долго ќе се памети.
Можно е да е слика од 12 луѓе и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани