АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Маја Андоновска Илијевски, директор на Центарот за култура во Битола, како домаќин на фестивалот „Илинденски денови“ за свеченото отворање избра да носи креација на модниот дизајнер Александар Ортаковски од Битола. Маја изгледаше грациозно во долг тесен фустан во алова чипка со отворен дел на грбот со црна декорација на појасот која ја истакнуваше нејзината половина и ја следеше линија на телото во задниот дел на половината и нозете, потсетувајќи на специфичната геометриска орнаментална декорација на женските скутини.
Фустанот потсетуваше на уникатната смилевска алова носија, а чипката асоцираше на богатиот алов и “кинат” – ажуриран вез на мијачката женска народна носија. Фустанот иако високо го покриваше вратот беше украсен со накит, форма на гердан од сребрени парички, а компатибилно на тоа беше украсена и нејзината глава алудирајќи на богатиот и масивен женски накит на китење и украсување како дел од смилевска невeстинска носија.
Дизајнерот Ортаковски во рамките на „Илинденски денови“ ја претстави својата нова колекција насловена „Македона“ креации инспирирани од македонската народна носија преточени во современиот дизајн.
И Ортаковски на отворањето на фестивалот беше облечен во костим со истите бои како и креацијата што ја носеше Маја, алово црвени пантолони со црна кошула и сако.
А.Блажевска