2win800x200

Битолската полиција приведе пироман од село Кременица - 27 годишен маж

Септември 05, 2024

Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица.

МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

– При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопштија од МВР.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани