Со асфалтирање на вториот дел од улицата СТУ 1, општина Битола го финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СТУ 1 во АРМ Четврт 1.
На асфалтирањето како завршна фаза, претходеше изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и поставување на улично осветлување.
Со
спроведувањето на сите проектни фази, овој простор ќе биде целосно инфраструктурно уреден, согласно проектната документација и потребите на граѓаните.