2win800x200

Пепелта од депонијата на РЕК „Битола“ не била радиоактивна

Ноември 04, 2024

БИТОЛА – Пепелта од депониите на РЕК „Битола“ не е радиоактивна, вели професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски по извршеното мерење на терен. 

„Дали пепелта од термоцентралата на РЕК „Битола“ е радиоактивна или не? Кратко и јасно: не е радиоактивна.“, вели професорот Трајковски.  

Тој заедно со инженерот Илија Бендевски од Здружението на инженери на Македонија направиле како што вели „една мини-експедиција“ по депониите за јаловина и пепел, на одлагалиштето на РЕК „Битола“ во близина на напуштеното и затрупано село Билјаник во Пелагонија.

„Мерењата на свежата пепел покажаа дека дозата на еквивалентна радијација над самата пепел изнесува 0,08…0,10 uSv/h (микросиверти на час), што е приближно трипати пониска вредност од радијациониот фон во битолскиот регион од околу 0,24 uSv/h. Ова значи дека тука единствениот извор на радијација е космичкото зрачење. Вакви ниски дози на радијација претходно имаме измерено само над Преспанско Езеро. Да заклучиме, пепелта, но и цементот добиен од пепелта од битолските термоелектрани е сосема безбеден од гледна точка на радијација“, вели професорот Трајковски.

Инаку, во светски рамки природниот фон има доза на еквивалентна радијација од 0,17...0,40 uSv/h, со просек од околу 0,27 uSv/h.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100015555820636

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани