2win800x200

Познатиот битолски адвокат и спортист Вања Атанасов е добитник на четвртонемвриската награда за едногодишно остварување

Ноември 05, 2024

Познатиот битолски адвокат и спортист  Вања Атанасов е добитник на четвртоноемвриска награда за едногодишно достигнувања што ја доделува Општина Битола по повод празникот на градот. 

Предложен поради големо остварувања во спортот. Тој учествуваше и успешно го заврши екстремниот триатлон „Ironman“ кој се одржа во септември 2023 год. во Р. Италија. Ironman триатлонот претставува една од серијата триатлон трки на долги растојанија организирани од Светската Федерација за Триатлон која се состои од пливање од 3,9 км, возење велосипед од 180,2 км и во трчање 42.2 км на час од вкупна должина на матаронот  226,3 км. Нашироко се смета за еден од најтешките еднодневни спортски настани во светот по екстремни терени и во екстремни временски услови, кои вклучува ноќно пливање во ледени езера и големи промени на надморска височина за време на делот на возење велосипед и трчање. Секој учесник кој ќе го заврши триатлонот во овие временски ограничувања е назначен за Ironman. Вања ја заврши трката за 12 часа и 47 минути. Во 2024 год. учествуваше на уште еден триатлон во Црна Гора на планината Дурмитор каде е прв Македонец кој успешно има завршено ваков тип на натпреварување.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани