АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Попладнево пожар избувна на ридот над населбата Горно Оризари во Битола. Пламените јазици зафатија голем дел од шумската површина и тоа ниска трева и во дел борови стебла. На терен огнот го гаснат екипи на битолската Противпожарна единица, Јавното претпријатие „Комуналец“, а се вклучи и локалното население. Пожарот се јавил во повисоките делови од ридот, а потоа потпомогнат од топлото време и ветерот се прошири на стотина метри од населбата Горно Оризари. Причините не се занаат, но битолчани кои живеат во близина велат дека секое лето некој го потпалува ридот.
„Пожарот избувна околу 12 часот во повисоките делови од ридот. Пожарната стигна, се собравме и жители од населбата и дел изгасивме. Но, огнот зафати голема површина. Гасневме со лопати. Ова е дел нискостеблеста, дел борова шума. Лани ја пошумивме и сега изгореа дрвцата“, вели битолчанецот Гоце Стојановски, жител на Долно Оризари.