2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Про боно e ангажманот на поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон „За европска Македонија“

Септември 20, 2018

Про боно или без пари, за општо добор  е ангажманот на поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон за „За европска Македонија“. На синоќешната трибина во Битола, граѓанин го запраша лордот Робертсон кој  го платил патот да дојде до Македонија?

-Од  2001 година од кога дојдов во Македонија и физички, и со срцето  и со мислите јас сум тука и сум заинтересиран за Македонија, одговори Робертсон  поддржан со силен аплауз од публиката.

-Сите овие години се надевав дека спорот со името ќе се реши и Македонија ќе го добие местото што го заслужува во ЕУ и НАТО, и работев цело време напорно со другите членови на групата „Охрид„. Премиерот Заев во една комплицирана ситуација преговараше со премиерот Ципрас,  да постигне договор со кој се зачувува името, културата и идентитетот на вашиот народ , јас навивам за тој договор да се оствари. Кога вашата влада не замоли да дојдеме тука и да му објасниме на народот што значи референдумот и значењето на тој договор, ние со радост прифативме , рече Робертсон.

На провокативното прашањето  одговор   даде и националниот координатор за НАТО за Македонија Стево Пендаровски, велејќи дека –„целокупната „Охридска група“ на чело со лордот Робертсон работи про боно или во превод без пари“, рече Пендаровски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани