АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бугарскиот бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски, предмалку објави Фејсбук статус во кој вели дека продолжува финансиски да ги помага „бугарските културни клубови и уметничката сфера во Македонија.“
Врабевски вели дека ги покрива трошоците за адвокати на „неправедно гонети затоа што го штитат својот бугарски идентитет“, што најверојано алудира и на судскиот процес што се одвива во Основниот суд во Битола за екс претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски.
Тој наведува дека продолжува да го помага и детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, кое лани воведе нова награда како да му се заблагодари на бугарскиот бизнисмен и филантроп Врабевски, за финансиската помош на брендовите „Мал битолски Монмартр“ и Светската детска ликовна изложба – „Битола“.
Наградата за Врабевски беше прикажана како „висока“ награда „Мецена на уметноста за 2023 година” доделена од страна на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ од Битола.
https://www.facebook.com/milen.vrabevski
Facebook статус на д-р Милен Врабевски
И покрај постојаните обиди за заглушување на бугарскиот глас во Северна Македонија, духот на будните Бугари таму останува нескршлив. Затоа продолжувам да ги помагам бугарските културни клубови и уметничката сфера во Македонија.
Продолжувам да ги покривам и правните трошоци на сите таму кои се неправедно гонети затоа што го штитат својот бугарски идентитет. Продолжувам да им помагам на деца од ранливите категории во РС Македонија. Продолжувам да го помагам и детското ликовно студио „Св.Св. Кирил и Методиј“ од градот Битола, кое организира два од најголемите настани за млади ликовни уметници од светот. Токму за одржувањето на овие два настани Северна Македонија веќе две години одбива финансирање, бидејќи децата од студиото ги посетија Софија и Копривштица на моја покана. Две години по ред влегувам во таа улога да ги финансирам настаните. Се надевам дека оваа година ќе биде различно.
Јас продолжувам, но ја повикувам и нашата држава да се вклучи поактивно, бидејќи луѓето во Северна Македонија се борат не само за своите права, но и ги бранат и нашата општа историја и култура.