2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Гласањето на болните и затворениците во Битола се одвива без проблеми

Септември 29, 2018

Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.

Во општина Битола се пријавиле 26 болни и немоќни лица. Членови на избирачките одбори веќе се упатиле во нивните домови каде што болните и изнемоштените лица ќе го остварат правото на глас, информираат за апла.мк од ОИК Битола

Шест граѓани од Битола кои се иселени во странство денеска ќе гласаат во дипломатско-конзуларни претставништва. Гласањето во дијаспората започна во 7 часот утрово и завршува во 19 часот по локално време.

Во битолскиот затвор право на глас има  71 затвореник, а таму гласањето се одвива без никакви проблеми, информираат од ОИК Битола.

Во општина Битола право на глас имаат 82.131 гласачи запишани во Избирачкиот список.  Според одлуката донесена од Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Гласачите ќе треба да заокружат „за“ или „против“ со хемиско пенкало во сина боја.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани