2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шест ученици од Демир Хисар заразени со шуга

Октомври 17, 2018

Случаи на шест заболени ученици шуга од Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар биле пријавени во Центарот за јавно здравје во Битола. Според соопштението на Центарот за јавно здравје, учениците се на возраст од 17 и 18 години, а случаите биле пријавени во петокот.

 

Во понеделникот од страна на Одделението за епидемиологија биле направени хигиено- епидемиолошки увид во здравствената институција каде биле дијагностицирани случаите и во училиштето.

Било констатирано дека матичен педијатар во консултација со специјалист дерматовенеролог од Здравствениот дом во Демир Хисар ја поставил дијагнозата и препорачал натамошни мерки.

Во училиштето е направена дезинфекција и децата се пуштени на домашно лекување.

Од училиштето велат дека сега сè е во ред, наставата тече непречено, а ако имало некаков случај од таа болест или друга алергија, докторите можат да кажат. Во училиштето стражарот не им дозволуваше на новинарските екипи да снимаат во дворот на школото, иако не снимаа ученици и не снимаа внатре во установата. Училиштето е општински имот, а тој на новинарите им бараше да му приложеле дозвола за снимање велејќи дека ќе ги пријави..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани