АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почна натпреварот во ракомет меѓу репрезентациите на Македонија и Турција кој се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Салата е исполнета до последно место, а атмосферата е онаква каква што само може да ја направи битолската публика во ракометна Битола.
Играчите на македонската репрезентација беа поздравени со огромен аплауз при нивното излегување на терен за загревање пред натпреварот.
Последен пат Битола беше домаќин на официјален натпревар на македонската репрезентација во 2005 година.