АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На иницијатива на тренерот Борче Марковски, кој работи професионално на Фарски Острови, повторно се сретнаа дел од играчите на женскиот ракометен клуб "Пелистер" кој што пред точно 20 години ја имаше најуспешната сезона во својата историја, 14 натпревари-14 победи.
Во сезоната 2001/02 новоформираната екипа предводена од Марковски беше доминантна на домашната сцена во Првата женска ракометна лига и успеа за само една година постоење да обезбеди пласман во Супер лигата.
Покрај натпреварите во домашното првенство, битолските „амазонки" имаа и меѓународни натпревари во соседна Грција каде убедливо беа први на два турнири во Аминдео и Лехово, играјќи и против јуниорската репрезентација на јужниот сосед.
На средбата дел од играчите (Александра Здравевска, Марија Бачевска Павловска, Александра Бојкоска, Марина Кузмановска, Милена Котевска, Кристина Кузмановска, Надица Тунтевска, Оливера Груевска) и стручниот штаб (Борче Марковски, Владимир Прчков, Илче Димовски-Дади и Илија Николовски) се потсетија на натпреварите, настаните и патувањата од пред 20 години.