АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наташа Петровска, која успеа да стане градоначалничка на Битола, издвојувајќи победа уште во првиот круг, вечерва им се обрати на морето од насобрани битолчани кои славеа пред штабот на СДСМ.
-Копнежот се оставри, победата е наша , заедно ја издвојуваме со нашата трпеливост и непоколебливост. Моравме ова да го направиме, за сите нас, за нашите деца. Радоста е голема, но таа не обврзува, да оствариме, да направиме вистински дела и да бидеме со нив уште порадосни и повесели. Со вас бев сиве овие години и така планирам да го водам мојот мандат, само со вас и никако поинаку. Имаме одличен советнички состав, имаме стабилен Совет и веднаш треба да започнеме со работа- изјави Наташа Петровска..
Пред народот кој скандираше „Победа, победа“ таа уште порача дека оваа чест за неа е и обврска зашто како што рече, позади неа застанаа многу граѓани на кои им должи дела кои ќе остават печат.
Стотици битолчани со развиорени знамиња од штабот на СДСМ се упатија да слават преполнувајќи го Широк Сокак со извици на радост, скандирања и македонски песни. Колони со возила минаа низ битолските улици свирејќи низ Битола во знак на славење на победата.