2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Енергијата ја црпам од заеднички направеното оти тоа не се мои, туку наши пари, рече Петровска на 4 Ноември

Ноември 04, 2018

Заедно со битолчаните сонот ќе го издигнеме до јаве. Енергијата ја црпам од промената на она што заедно сме го направиле зашто тоа не се моите туку нашите пари. Имав неспани ноќи заради немир, не од направеното, туку имав неспани ноќи за тоа што треба да е направено особено во испроблематизирани затекнати ситуации“, рече градоначалничката Наташа Петровска во својот говор при свеченото доделување на наградата „4 Номеври“’.

 

Пред присутните во салата на Народниот театар во Битола, која беше преполна до последно столче, па дел од присутните стоеја простум и по скалите, таа рече дека нејзин избор не било секој ден за секоја работа да биде ловец на животите на граѓаните, туку во околностите во кои се нашла да го извлече максимумот.

„Беше тоа година во која мојата филозофија гледаше смисла во палењето на светлината наместо да се говори за сенките на лавиринтите. Важно е да не се изгуби вербата дека Битола не треба да има само еден саниран влез во градот, верба дека Пелистерието треба да се заврши целосно во канализационите зафати што ги започнавме и да се заштити животната средина. Стремежот е место да чистиме канали што по 30 години не виделе механизација, да имаме канали со слободен тек за кои би имале изградена култура на редовно одржување“, рече Петровска.45419349 2124692344460642 6693288372800061440 n

Томовска: „Битола е секогаш во мене иако живеам во Скопје“

Добитничката на Наградата за животно дело Виолета Томовска битолчани ги поздрави пеејќи песна за Битола и притоа рече: „Многу ми е мило што оваа награда доаѓа од овој град зашто Битола секогаш е во мене иако живеам во Скопје или по светот“. Неа наградата ѝ беше доделана како музички уметник, доајен на македонската фолклорна музика, добиник на многу признанија во земјава и ширум светот за нејзините музички изведби. Испеала многу хитови, а автор и коавтор е на многу песни, настапувала на многу фестивали. Добитник е на награди за хуманост и дава голем придонес во областа на превенција од малигни заболувања и унапредување на здравјето на жените. Наградата „4 Номеври“ се состои во плаќета и 60 000 денари.45347891 372422830165994 7324518505112403968 n

Професионализмот и трудољубивоста, подвик за едногодишните добитници на награди

Општинската награда за едногодишно остварување во областа на литературата и публицистиката ја доби доцент д-р Александар Литовски за неговата последна книга „Нашето националистичко пијанство “, труд кој изврши влијание врз критичната мисла во општеството. Во неговата книга се објавени содржини збирани од 2015 до 2017 година во време на големи промени и превирања како во нашата држава, така и во Битола.45505000 203422637228224 6472979038964023296 n

Иван Додовски, универзитетески професор по критичка теорија, литература и културологија на универизтетот Американ Колеџ Скопје е исто така добитник на едногодишна награда заради достигнувањата во областа на културата и науката со неговата значајна студија „Мало фолио за театар“. Објавена е во 2018 година, се однесува на развојот на театарот во Битола и претставува капитален придонес во историјата на културата во градот Битола и за македонскиот театар и култура воопшто.

„Секоја генерација има своја борба, нашиот подвиг е со професионализам, трудиљубивост и чесност да ја збогатуваме мерата на успехот зацртаната од светата традиција на нашите предци. Прадедо ми беше илинденец, дедо ми партизан, а татко ми пред точно 22 години добивајќи ја оваа иста награда го кажа ова дека секоја генерација треба да даде свој придонес за да извојува достоинство и да ја заслужи слободата. Битола заслужува подем во културата , науката спортот и сите други области“, рече Додовски.45355487 1099997686827583 5460708878553448448 n

Свеченоста градска и достоинствена

Третиот добитник на наградата за годишно остварување беше Јован Василев спортски работник.Доби награда од областа на спортот заради неговите постигнувања во сезоната 2017-2018 како претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер, за освојувањето на третото место во првенството и обезбедувањето на пласмен во европските ракометни клубови.45409964 2312086485679610 1864637601764343808 n

Едногодишните награди се дипломи и 15 000 денари.

Свеченоста по повод 4 ти Ноември беше културна, градска и опуштена. Во преполната сала покрај власта, имаше претставници и од опозицијата. Ова беше прослава по долго време беа герили и бојкотирања на одбележувањето од политички партии. Културно –уметничката програма беше со музика во живо и танц на песни посветени на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани