АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна унифицирањето на оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак. Одлуката што ја донесе Советот на Општина Битола за унифицирана ограда пред кафулињата е во сила, а надлежните се надеваат дека сопствениците на локалите ќе ја почитуваат.
Деновиве две кафулиња на Широк Сокак поставија огради кои наликуваат на пропишаните услови од одлуката, односно се малинесто зелени со рамки со валкано бела боја.
Според пропишаните услови оградата треба да е висока 1,80 метри, половината од метал, а горниот дел стакло. Металаниот дел да биде обоен со две бои, зелена маслинеста и рамка во валкано бела боја. Металната ограда задолжително треба да биде поставена на дрвена платформа со минимална височина од 15 сантиметри со цел да не се уништуваат плочите на Широк Сокак.
Оградата е отворена во горниот дел, но со оглед дека сите кафулиња имаат тенди, во првата фаза од унифицирањето нема да се бара од сопствениците да ги отстранат, но откако ќе бидат поставени оградите, во следна фаза ќе се разговара и за унифицирање на настрешниците, кои сега се нелегално поставени.