АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола има од 10 до 15 деца заболени од дијабет тип 1 кои се на инсулин. Помалите деца се праќаат на лекување во Детската клиника во Скопје, па не се знае точниот број, но здравствените работници велат дека во просек се од 10 до 15. Воедно, од Битолската болница велат дека за 10 проценти од лани до годинава е зголемен бројот на лица заболени од дијабет.
„Дијабетот веќе има карактеристики на пандемија во светот, заболени се околу 400 милиони лица. За Битола немаме точен број, но сигурно ги има над 15.000 од кои над 7.000 се на инсулин. Имаме раст од лани досега и кај нас посебно на тип 2 кај деца поради неадекватниот начин на исхрана. Дијабетот кој беше карактеристичен за возрасните се јавува и кај младата популација. Деца со дијабет тип 1 има од 10 до 15, кои се на инсулин“, рече доктор Лилјана Нечевска, интернист која долго време се занимавам со проблематиката на шеќерната болест.