2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Анализа на АПЛА.МК: Соседи на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против нив

Октомври 18, 2017

Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не успеаја  да освојат повеќе гласови од противкандидатката на СДСМ, Наташа Петровска дури ни во населбите каде што живеат во Битола. Резултатите од Државната изборна комисија покажаа дека на гласачките места каде што гласале нивниот  кандидат за градоначалник Зоран Илиоски, пратениците и другите локални фукционери од ВМРО-ДПМНЕ, имало повеќе гласови за Петровска, некаде дури и рекордни.  

 

Така, на гласачкото место број 102 во основното училиште „Елпида Караманди“ каде што гласал Илиоски, Наташа Петровска од СДСМ освои 101 глас повеќе од него. Од битолчаните кои се гласачи на ова изборно место, меѓу кои и соседи на Илиоски, за Петровска дале 287 гласови, а за Илиоски 186.102

Избирачкото место 113 во Техничкото училиште во Битола каде што гласал досегашниот градоначалник Владимир Талески е меѓу местата рекордери по број на освоени гласови за Петровска во Битола. Така за неа таму гласал 351 битолчанец, а за Илиоски 197, односно имало 154 гласа разлика.113

Немаме информации точно во кое гласачко место правото на глас го остварил координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски, кој беше и носител на кнадидатската листа. Но, според пораката добиена од паријата, гласал во Музичкото училиште. Таму има три гласачки места и на сите СДСМ освои повеќе гласови.  

За разлика од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој на местото каде што гласал загуби со 101 глас, неговата противкандидатка Петровска на гласачкото место 60 во ОУ „Кирил и Методиј“  успеала да освои за 137 гласа повеќе од Илиоски.

Од вкупно 118 гласачки места во градот Битола заедно со Долно и Горно Оризари, како градски населби, а без другите рурални средини, секаде Петровска успеала да опсвои повеќе гласови, освен на две места. Тоа се избирачките места 42 во Долно Оризари каде Илиоски имал 10 гласови повеќе од неа и број 39/1 во Горно Оризари каде водел со 16.

На другите изборни места Петровска успеала да собере повеќе гласови,некаде двојно и тројно.  Рекордни 211 гласови повеќе од Илиоски освоила во 70-ката во Музичкото училиште, па Бибиотеката 194 гласови разлика, Камен Мост 160,  Техничко училиште каде што гласаше Талески  154 гласови повеќе, Трифун Пановски 150 итн.

ВМРО-ДПМНЕ не успеа да освои повеќе гласови ни во Јени Маале, населба која години наназад важеше за бастион на оваа партија. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани