АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По завршувањето на Локалните избори кои се одржаа во неделата на 15ти октомври, Општинската изборна комисија – Битола го додели уверението за избран градоначалник на кандидатот од коалицијата предводена од СДСМ, Наташа Петровска. На свеченото доделување на уверението, Петровска рече дека очекува што поскоро примопредавање на функцијата градоначалник.
-Денес ОИК ни ги доделеи уверенијата, мене како избран градоначалник и на избраните советници во Советот на општина Битола. Тоа е само свечен момент во кој што ги добивме уверенијата, останува за она како што се договоривме со протоколот, да изврши организација за примопредавање на функцијата градоначалник и да започнеме со работа, затоа што после се што ветивме, граѓните го очекуваат нашето одговорно работење. Поскаувам успешна работа за сите советници во Советот на општина Битола и уште еднаш потврдувам дека општината ќе биде транспарентна и отворена во мојот мандат, изјави градоначалничката Петровска
Таа не сакаше да коментира зошто опозицијата не присуствуваше на свеченоста, но рече дека очекува сите избрани совеници да работат во интерес на граѓаните.