АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ски центарот „Нижеполе“ со кој стопанисува ЈП „Стрежево “-Битола од денеска е подготвен за ноќно скијање.
Од Ски центарот информираат дека се направени сите подготовки за почеток на сезоната, а оваа година таа ќе стартува со ноќно скијање.
-Од денеска,( петок) ќе има ноќно скијање на ски стазата „Нижеполе“ . Утре започнува сезоната. Стазите се подготвени, потврди за апла.мк Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“-Битола.
Ски петеката во „Нижеполе“ се наоѓа на надморска височина од 1585 метри. Љубителите на зимските спортови се повеќе се заинтересирани за атрактивно скијање и затоа се одлучуваат за ноќно скијање. Амбиенталното осветлување на патеката за скијање се врши од неколку платформи на кои се поставени 45 канделабри и дополнителни 20 канделабри кои ја осветлуваат ски патеката по нејзината должина. Скијачкиот центар „Нижеполе“ освен со два ски лифтови, располага со детски парк, чајџилница, 48 клупи и други зимски рекреативни реквизити.