2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во сибирска Битола се троши вода како среде лето

Јануари 08, 2019

Поларните температури деновиве од околу минус 20 степени  ја зголемија  потрошувачката на вода во Битола како среде лето.

 

Од Нова година до денеска, во просек се трошат по 680 литри вода во секунда, како во најтоплите денови во текот на летото. Чешмите  во битолските куќи течат и дење и ноќе од страв да не им замрзне водата во цевките, па да направи поголема штета на водоводната инсталација, велат од ЈП „Водовод“ во Битола.

– Граѓаните поради стравот да не им замрзне водата во чешмите, особено во надворешните чешми и во куќите, ги оставаат отворени славините. Така потрошувачката на вода овие денови  е зголемана за дури 25 проценти , односно 680 литри во секунда. Колку за споредба, во најголемата горештина, во шпицот на летото, потрошувачката  се движи од 500 до 620 литри  во секунда изјави за апла.мк Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“ во Битола.

Во исто време, од Нова година до денеска, повеќе од триесеттина граѓани во ЈП „Водовод“ пријавиле дека од студот им испукале стаклата на водомерите.

Од ЈП „Водовод“ велат дека битолчани не треба да стравуваат од недостиг на вода и покрај зголемената потрошувачка.

Од Нова година во градот немало поголеми дефекти на водоводната мрежа, освен еден на цевководот кон РЕК-Битола, кај Долно Оризари.

Од ЈП „Водовод“, апелираат граѓаните да ги пријавуваат дефектите на телефонот 047 238 200, и да остават телефон за контакт.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани