2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Петровска во среда со среќа ќе влезе во Општина Битола

Октомври 24, 2017

Новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, утре, среда, во 10 часот ќе влезе во Општина Битола и официјално ќе ја преземе функцијата градоначалник на Општина Битола. Од Општината  известија дека е најавено доаѓањето на новата градоначалничка , но не откриваат дали досегашниот градоначалник Владимир Талески ќе го изврши примопредавањето на кабинетот или тоа ќе  го стори т некој од вработените во општинската администрација.

 

Наташа Петровска е првата жена која ќе раководи со Општина Битола, и која успеа убедливо да победи уште во првиот круг на локалните избори. За Петровска гласаа  31 337 гласачи или 59,77 проценти од излезените избирачи, а за нејзиниот противкандидат Зоран Илиоски, речиси 14000  помалку гласачи, односно гласаа 17 715 гласачи или 33,79 проценти од избирачите.

Еден час подоцна во 11 часот за утре е закажана и првата  конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Битола.

Валентин Груевски, носител на советничката чиста на СДСМ и коалицијата, која освои мнозинство советнички места  ќе биде  новиот  претседател на Советот на Општина Битола. Избраните советници ќе положат заклетва, а најавено е присуството и на опозицијата иако не дојде во петкот да си ги земе уверенијата од ОИК..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани