АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На свои 84 години доживеав нареда и разочарување зашто по се што имам направено за развој на младите ликовни таленти, од Министерството за култура годинава ми одобрија 100 000 денари за Малиот битолски Монмартр, а ни денар за Светската изложба, реагира Коста Хаџи Антоновски, творецот на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола.
„Јас со тие 100 000 денари одобрени за Монмартр не можам ликовниот караван до Охрид да го однесам. Со тие пари не можам ни две деца од Хонг Конг во Битола да донесам. За годинешното 38 издание на Монмартр баравме 1 750 000 денари, а ни доделија 100 000 денари, лани ни доделија 400 000 денари, а пред таа година 250 000 денари“, вели Хаџи Антоновски.
Но, најголем проблем за Детското ликовно студио претставува тоа што не е финансиски поддржана 37 Светска изложба од која всушност се избираат талентите што ќе учествуваат на Монмартр 2019 година.
„Годинава не го усвоија проектот, а лани ни дадоа 150 000 денари. Се отфрла Светската изложба, која е Гинисова изложба, пет олимпијади поминала, на овој конкурс награди добиваат децата од целиот свет. Ете, сега од Шри Ланка стигнуваат цртежи, за 15 дена завршува кокнурсот. По конкурсот Комисијата одлучува кој ќе биде награден и кој ќе дојде. Од таа изложба ги одбираме учесниците на Монмартр“, додава Хаџи Антоновски.
Сите одбиени проекти повторно ќе бидат разгледани, изјави od Берлин министерот за култура Асаф Адем, по реакциите на јавноста за резулатите од Годишната програма за национален интерес на Министерството за култура.
„Големиот одзив кон објавените резултати покажува дека сме на линија со нашите заложби транспарентно и отчетно, без никакви предрасуди да донесеме Програма која ќе го поттикме развојот на културата во државата. Како човек и како министер за култура длабоко ги респектирам авторите, уметниците, институциите и сите оние кои делуваат во областа на културата и нема да дозволам овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата, изјавил министерот Адеми.