2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Малиот битолски Монмарт ја прифати понудата на Општина Битола за финансиска помош

Август 24, 2022

Управниот одбор на Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола на денешната седница донесе едногласна одлука да ја прифати финансиската поддршка за плати и трошоци до крајот на годината понудена од страна на Општина Битола, соопштија од Детското ликовно студио.

Ваквата одлука следи по објавениот Апел за спас на Малиот битолски Монмартр на социјалните мрежи по најавата дека Министерството за образовани ги укинува средствата наменети за оваа институција, со што постоеше опасност да згасне овој познат битолски бренд. Општина Битола вчера понуди помош, односно со ребаланс на Буџетот, до крајот на годинава да бидат одвоени средства за исплата на плати за едно лице и трошоците за струја, со што ќе се овозможи функционалност на Детското ликовно студио.

Исто така и Министерството за култура објави дека поддава рака и го презема функционирањето  на "Мал Битолски Монмартр“, но УО ја прифати понудата на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани