Гратиси за советничките Габриела Илиевска и Олга Лозановска

Февруари 20, 2019

Битолската изрека „ти му збораш за ќумурот, а тој за дрвата“ се почесто се практикува во битолскиот Совет. Најново комарците и глувците во Советот се помешаа со свињите.

 

Советници во битолскиот Совет често знаат точките на дневен ред да ги пренасочат во сосема друг правец и дискусијата да добие друга димензија, сметајќи дека така ќе ќарат политички поени, наместо да се разговара и одлучува за проблемот кој е зададен пред нив.

Така и на вчерашната седница на која на дневен ред беа  програмите за уништување и контрола на комарците на територијата на Општина Битола и за превентивна систематска дератизација  на депонијата Мегленци за 2019 година.

Советничката  Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека „вакви планови и програми носиме секоја година“ но таа очекувала  носење на програма за  да нема палење на депонијата Мегленци и да не се хранат домашните животни  од таа депонија.

Габриела Илиевска од Поинаку, пак дискусијата за Мегленци ја поврза со нови вработувања.

-Отворете нови работни места во „Комуналец“ на кои ќе стојат луѓе  за одржување на редот во Мегленци. Ајде заеднички да побараме измена на планот за вработување во ЈКП „Комуналец“ и нека се отворат работни места“ рече во својата дискусија советничката.

Претседателот на Совет Валентин Груевски по излагањата на двете советнички им рече дека  нивното зборување им било „гратис“ но и предупредување да се придржуваат до дневниот ред.

-Намерно ве оставив да зборувате меѓутоа  точката на дневен ред беше превентивна систематска  дератизација. И едниот и другиот говорник повторно ја злоупотребивте говорницата и зборувавте за други теми. Ако ве предупредев дека ја злоупотребувате говорницата  ќе креневте многу паника . Но еве ова денес ви беше гратис и предупредување да се држите до точката , рече Груевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани