АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од општинските организации на СДСМ најавија дека издвојуваа победа на овие локални избори во пелагониските општини Новаци и Могила.
Според првичните неофицијални информации од СДСМ, во општина Могила нивната кандидатка за градоначалник Јасмина Гулевска освоила 1909 гласови, а противкандидатот Стевче Пивковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 1716. Гулевска води со над 190 гласови од 23 обработени избирачки места, со исклучок на едно од каде се уште се чекаат податоци, но тие нема видно да го променат резултатот.
СДСМ победува и во Новаци. Кандидатот на СДСМ и колицијата, Љубе Кузмановски ќе биде новиот градоначалник на оваа општина. Тој, според првичните информации од СДСМ, освои над 200 гласа предност во споредба со противкандидатот од ВМРО- ДПМНЕ, Лазар Котевски.
Со ова паднаа сите бастиони на ВМРО- ДПМНЕ во Пелагонија. Во сите пелагониски општини идните градоначалници ќе бидат од СДСМ.