2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Натрапниците“ ги украле и катанците од синџирите во Старата битолска чаршија

Мај 06, 2019

Не се најде чаре за доствувачите на стока во Старата битолска чаршија. Откако неколкупати ги откорнаа од бетонот столбчињата кои ги држат синџирите на двата влеза во чаршија сега за време на викендот ги украле катанците.

 

Синџирите на двата влеза во чаршијата кај Ат Пазар и кај дрвениот мост се спуштени откако за време на викендот „натрапниците“ решиле да ги отстранат катанците. Заради свои лични причини дуќанџии и доставувачи на стока не ја почитуваат забраната за сообраќај во Старата чаршија и секојденевно има возила.

Само пред една недела беа откорнати зацементираните  метални столбчиња што пред месец и половина ги обнови и постави ЈП Пазари на влезот од Старата битолска чаршија од страната кај Ат Пазар.  За време на празникот столбчето беше  сосема откорнато од улицата и фрлено на патот. ЈП Пазари неколкупати  ги поправаше столбчињата и јавно апелираше до полицијата и Комуналната инспекција да ги откријат и казнат сторителите. Но ситуациите постојано се повторуваат .

Апла.мк во март објави текст и фотографии на кои се гледа дека со камиoнчиња,  околу пладне кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се блокира патот и се растовара стоката по дуќаните и кафеаните во Старата битолска чаршија . Во исто време несовесени возачи паркираат низ уличките во Чаршијата каде не е дозволено паркирање на возила.

 

sinxir 1

sinxir

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани