АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Да се направи ребаланс на буџетот побара од Советот градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Веднаш по превземањето на функцијата Петровска, со своја екипа, почна да прави анализа на финансиската состојба на општината, на она што наследила во општинската каса и колкави се долговите.
-Правиме анализа на финансиската состојба на Општина Битола за да го утврдиме нивото на долговите на општината, со тоа ќе најавиме дека има долгови, но бројките ќе се знаат допрва, кога ќе излеземе на официјална прес-конференција, бидејќи не сакаме да шпекулираме со бројки се додека не се утврдат точно сумите, вели Петровска .
Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола , потврдува дека ги започнал подготовките за свикување на седница за ребаланс на буџетот.
-Законски до 15 ноември мора да се одржи седница доколу се побара ребаланс на буџетот. Нашите првични сознанија се дека се работи за огромни долгови во милиони евра кои општината ги има по разни основи. Се надевам дека јавноста за многу брзо време ќе ги дознае вистинските долгови што бившата власт ги направила на штета на општинската каса, изјави Валентин Груевски, претседателот на Совет..