2win800x200

Талески обвинет за негрижа на Офицерски дом

Ноември 08, 2017

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, ќе седне на обвинителна клупа за негрижата за битолскиот Офицерски дом. Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение за Талески за кривично дело „несовесно работење во службата“ затоа што,  иако бил должен да обезбеди одржување, не презел се што е потребно за заштита на објектот кој е во надлежност на општина Битола. Од Основниот суд во Битола, за Апла.мк потврдуваат дека главната расправа за овој судски процес, која требаше да се одржи вчера е одложена по барање на одбраната на Талески.

„Рочиште за главната расправа е одложено бидејќи адвокатот Драги Пажиќ достави писмен поднесок и полномошно со кое го информира судот дека е бранител на обвинетиот и побара рок за подготвување на одбарана и увид во списите на предметот “, пишува во дописот на Основниот суд достевен до Апла.мк

Меѓу другото, обвинението се однесува и за негрижата за големиот кристален лустер,  кои падна од таванот и се оштети во април 2016 година, за време на третиот градоначалнички мандат на Талески. Не се знае дали  попуштиле ремените со кои беше прицврстен лустерот  или пак бил намерно оштетен од од несовесни граѓани. Објектот, со години е незаштитен, често беше мета на вандали кои ја уништија внатрешноста, прозорците и вратите.

luster1

Офицерскиот дом во Битола е изграден 1911 година и е споменик на културата од прва категорија, но денес е речиси целосно руиниран и се распаѓа. Сега битолчани очекуваат новата локална власт да ги реалзира ветувањата од предизборието и да се врати стариот сјај на овој архитектонски бисер на битолски Широк Сокак.

Единствен обвинет за негрижата на Офицерскиот дом во Битола, е поранешниот градоначаник Владимир Талески, со што нанел штета на општината. Почетокот на главната расправа е одложен за 20 декември.

По обвинението за Талески на СЈО за предметот Транспортер, во кој се товари за предизвикување  штета од 360 илјади евра врз општинскиот буџет со бесплaтниот превоз за ученици, ова е втор судски процес за поранешниот градоначалник, а обвинението овој пат  поднесено од  ОЈО-Битола е за кривично дело  „несовесно работење во службата“, по член 353 став 1 од кривичниот законик, што се казнува со затвор од 3 месеци до три години

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани