2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Јунска снежна виулица на Пелистер (видео)

Јуни 02, 2019

Иако летото е на прагот, тоа за непредвидливиот Пелистер ништо не значи. Веќе неколку часа врне снег, а снежни навеви имало и синоќа.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=X242YaeYwhs{/YouTube} видео: Пецо Стојчевски

Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт на Македонската радио телевизија, кој го направи видеото, вели дека снег се уште врне, иако не се задржува долго.

-Снег почна да врне попладнево, а врнеше и синоќа и добро го нареди. Сепак врне од време на време, а кога ќе застане, снегот се топи, вели Стојчевски, за апла.мк,

Тој и сега се наоѓа на своето работно место, на Антена која е на највисокиот врв  Пелистер, на 2601 метар надморска висина.

Познавачите на планината велат дека Пелистер е непредвидлив дури и во текот на летото, каде само за неколку часа можат да се сменат сите 4 годишни времиња, да врне дожд, да се спушти магла, па да заврне снег, а потоа да огрее сонце.

Сепак иако се памети снег и во летните месеци, тоа е реткост.

Снег на Пелистер летно време имало во 2007 година, но во август

sneg pelister.Still002

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани