АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најдобрите просветни работници од шесте некогашни републики на поранешна Југославија, а денес независни држави, се обидинија на Меѓународната конференција „Светот на образованието брише граници“ во Будва минатиот викенд во организација на Асоцијацијата на најдобро наставници ANN EX YU.
Конференцијата ги обедини силите на сите креативни наставници на овие простори, а дел од учесниците пристигнаа самофинансирајќи го својот престој во Будва само да бидат дел од оваа движечка сила во образованието. На конференцијата присуствуваа наставници од Македонија, па и од Битола.
(Фото: Весела Богдановиќ, еден од основачите на ANN EX YU заедно со просветни работници од Македонија)
Двете основачки на Асоцијацијата, Жељана Радојичиќ Лукич од Србија и Весела Богдановиќ од Битола, Македонија, поздравувајќи ги присутните рекоа дека наставниците не жалеа ни пари ни време за да присуствиваат на конференцијата, зашто нивните држави веќе одамна станаа тесни и недоволни за цела размена која ја иницираат и допрва ќе ја иницираат.
„Оваа неверојатна енергија и сила разменети во текот на трите дена колку што траеше регионалната конференција од 30 мај до 1 јуни, даде ветер во грб на сите оние кои беа на работот на откажување од улогата на ентузијасти во своите училишта. Сега е сосема сигурно дека оваа наставничка мрежа ќе се анагжира на покренување на реформските процеси во своите земји, зашто дојде време промените во образованието да се иницираат од училницата, всушност од оние најдобри наставници во регионот. Охрабрува фактот дека оваа Асоцијација е дополнително зајакната со енергија на новопристигнати членови“, соопштија организаторите.
На сегашната конференција присуствуваа наставници кои имаат добиено титула „Најдобар наставник во поранешна Југославија“, полноправни членови на оваа Асоцијација и други наставници од сите простори на регионот кои во реализацијата на оваа идеја препознаа светла иднина за образованието. Инаку ANN EX YU е Асоцијација на наставници формирана од висококвалитетни образовани лидери кои околу себе собираат ентузијасти и учителски лидери од сите држави од екс Ју подготвени со заеднички сили да го афирмираат и мотивираат најдобрите наставници да ја менуваат сликата на образованието во овој дел од светот. Сите тие се обединети околу мислата дека една книга, еден молив и едно дете и еден наставник можат да го променат светот.
На почетокот на конференцијата во стариот град на Будва , под отворено небо, присутните имаа можност да се започзнаат со 40 различни образовни прокети презентирани низ голема постер презентација. Организаторите имаа тешка задача да одберат најдобра постер презентација која следниот ден беше изложена во конференциската сала во Хотел Будва, каде се одржа и доделувањето на титулата „Најдобар наставник на поранешна Југославија“.
Предност на соработката им е заедничкото минато, блиските култури, сличните образовни системи и непостоењето на јазични бариери.
На самиот крај на пленарниот дел сите наставници, заедно со гостите, ја испеаја химната „Земјо моја“ од Исмет Крвавац, југословенска родољубива песна напишана од Кемал Монтено. Се виореа знамиња од сите земји, а сите присутни не го криеја емоциите побудени од носталгијата за животот во поранешната држава.
Следуваа мотовациски предавања на наставници од регионот на тема „Да го реформираме образованието“ каде на присутните им се претставија наставници од сите држави од пораншена Југославија. По врвните предавања, следуваше и доделувањето на титулата „Најдобри наставници во регионот“, при што беа врачени 50 признанија. Наставниците нив со гордост ги однесоа во своите училишта и продолжуваат со ширење на идејата за вмрежување на наставници од просторот на пораншена Југославија.
Прввата меѓународна конференција на Асоцијацијата беше одржана во март годинава во Скопје, втората во Будва, а третата ќе биде на есен во Белград.