2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Бакхи-краток преглед на распадот“ на битолскиот театар најдобра претстава на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Јуни 15, 2019

Претставата на Битолскиот народен театар „Бакхи- краток преглед на распадот“ според Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, е најдобрата претстава во целина на Меѓународниот театарски фестивал во Приелеп „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска фестивалското жири во состав  Бедија Беговска, претседател и членовите Љиљана Благојевиќ и Маја Вељковиќ.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=ZFJHcitg-pE{/YouTube}

Претставата доби награда и за најдобрата режија, за режисерот Игор Вук Торбица.

„На сите без исклучок, на секој член на екипата, на комплетниот БНТ! Се гордеам со вас, вие творци на артефакти! Мајстори!“, напиша на својот ФБ профил директорот на Народениот театар од Битола, Иван Јерчиќ 

Во претставата “Бакхи-краток преглед на распадот“ играат Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски , Васко Мавровски, хороводецот Викторија Степановска Јанкуловска, а во хорот на Бакхите се Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска 

Претставата премиерно беше изведена на отворањето на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола, кој се одржа во мај. 

62542698 10157217013968389 4684485653965045760 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани