2win800x200

Експерт од Турција презентираше новини во хируршкиот зафат на карцином на дојка

Јуни 19, 2019

Во рамките на континуираната медицинска едукација Здружението на лекари од Битола во соработка со менаџерскиот тим на Клиничка Болница- Битола организира стручен состанок на тема "КАРЦИНОМ НА ГРАДА -СОВРЕМЕН ХИРУРШКИ ПРИСТАП ".

-Поканет беше предавач проф.др.Ѓултекин Озан Кучук од Медицинскиот факултет Истанбул -Република Турција. Состанокот беше акредитиран од Лекарската комора на Северна Македонија. Покрај новините во хируршкиот третман на карциномите на дојка се истакна комплексноста на болеста,поврзаноста на начинот на пристап кон лекувањето со социо-економската состојба на пациентот ,психофизичката состојба како и важноста на биолошкото однесување на туморските клетки воопшто, изјави Сузана Конеска портпарол на Клиничката болница Битола.

Предавањето  го следеа лекари специјалисти при Клиничка болница- Битола, хирурзи,гинеколози и анестезиолози, лекари од општа пракса, млади лекари кои треба да заминат на специјализација. Соработката ќе продолжи и понатаму, вели Конеска.

болница 3

болница 2

болница 1

болница 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани