АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Таксистите од Битола бараат стартот да поскапи од 20 на 30 денари и цената да се зголеми за плус 3 денари од километар .
Здружението на лиценцирани такси превозници бара од Советот на Општина Битола усогласување на цената на такси услугите поради зголемување на трошоците кои влегуваат во определувањето на цената на такси превозот.
-Цената на такси превозот не е зголемена веќе 10 години , а ни се покачени сите трошоци околу такси услугите. Поради овие причини апелираме до сите политички партии кои партиципираат во Советот на Општина Битола да го поддржат нашето барање.
бараме стартот од 20 денари да биде 30 динари, а за секој изминат километар наместо 20 денари да се наплаќа 23 денари. Се надеваме дека и граѓаните се свесни за потребата од ова наше барање, вели Слободан Јанковски од Здружението на лиценцирани такси превозници од Битола.