2win800x200

35 годишен маж загина, а 5 лица се тешко повредени во сообраќајката на патот Битола-Прилеп

Ноември 12, 2017

35 годишниот Т.С. од битолското село Граешница го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево во 17,20 часот, се случи на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на Топлчани, при судир на две возила марка „Голф 4“ со битолски регистерски таблички и „Голф “5 со прилепски регистерски таблички, потврди  за Апла.мк, портпаролот  на битолската полиција, Лефтерија Миленковска.

Тешко повредени се и четворица сопатници, од кои 3 се малолетни лица, кои биле во возилото марка „Голф “4 со кое управувал сега починатиот Т.С. Со возило на итната медициснка помош сите се прфрлени во битолската болница.

Истот така, со тешки повреде се здобил и возчаот на возилто марка „Голф 5“ со прилепски таблички, кој е префрлен на одделението за интензивна нега во Клиничката болница во Битола.

Околу 3 часа траеше увидот на местото на настанот, а возилата на патниот правец Битола-Прилеп беа  пренасочувани  по стариот пат. Сообраќајот  е норомализиран во 20, 15 часот

Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани