2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ПИСМА СО ЖИГ НА ФК „ПРЕСПА“ ПО ПОВОД СТО ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА КЛУБОТ

Јули 09, 2019

Денес во Поштата во Ресен ќе се употребува поштенски жиг со амблемот на Фудбалскиот клуб „Преспа“ по повод стогодишниот јубилеј од основањето. Ова е еден од најстарите фудбалски клубови во земјава и деновите слави еден век постоење. Жигот е изработен и ќе се поставува по иницијатива на ресенчанецот Горан Чуруковски, новинарот Зоран Трајчевски, а со помош на претседателот на ФК „Преспа“ Зоран Милевски.

 

„Секој кој денес ќе прати некаква пратка, таа ќе биде жигосана со жигот на ФК ‘Преспа’. За сите филателисти и љубители на ФК ‘Преспа’ ова е мал поклон за нашиот јубилеј“, напиша на Фејсбук профилот Чуруковски.41633911 2254992881399437 6208360142442856448 n

Клубот сега се натпреварува во Третата лига-југозапад, а долги години бил во втората лига, дури и во Првата македонска лига во рамките на поранешната држава. ФК „Преспа“ иако се соочува со недостиг на финансиски средства сепак 100 години е носител на спортскиот живот во Ресен.

„Со помош на одредени луѓе и на Општината, клубот никогаш не бил оставен на милост и немилост. Со наш ангажман и на дел од градоначалниците успеваме клубот да опстои и да се натпреварува. Ресен е мало место, има три-четири големи фирми и тие помагаат на периоди“, рече Зоран Милевски, претседател на клубот.

Клубот со години ги собира и тренира младите таленти од Преспа. Под покровителство на ФК „Преспа“, опстојува и пионерска школа со над 40 деца.

Историјата на клубот почнала на 12 јули 1919, на Петровден, на ледината зад ресенскиот Сарај на Нијази беј. За противник „Преспа“ го имала тимот на воениот гарнизон, сместен во Ресен и победил со 2:0. Оттогаш, како традиција, сите главни мечеви со тимови од соседните градови се одигрувале токму на овој верски празник, со топка од внатрешна гума, која ја донел учител од Белград..49896138 2355858924646165 5766694426168524800 n 768x465

Првите иницијатори за заживување на фудбалската игра во Ресен биле занаетчии, трговци и учители дојдени од поголемите градови на некогашна Југославија, како и офицери и ресенски студенти, кои се школувале во европските метрополи Прага, Виена, Грац, Атина, Софија…

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани