2win800x200

„БИТ ФЕСТ“ НА ЕДНИ ИМ ПЛАЌАЛ, НА ДРУГИ ИМ ДОЛЖЕЛ

Ноември 13, 2017

Еден и пол милион денари му исплатила Општината додека на чело бил екс градоначалникот Владимир Талески на Народниот театар од Битола за учество во годинешното издание на   „Бит Фест“. 

Со ова Битолскиот театар добил најмногу пари од општинскиот буџет предвиден за културното лето годинава. Овие податоци се потврдуваат со листата што на денешната седница на Совет ја подели градоначалничката Наташа Петровска, а која содржи имиња на институции, фирми и поединци кои добиле пари од „Бит Фест“ и други кои не добиле, а дале услуги.

Талески кој беше покровител на битолското културно лето „Бит Фест“, 1,5 милиони денари му плати на својата матичната куќа, Народниот театар во која работеше како актер пред да стане градоначалник. Парите беа наменети за „Шекспир фестивалот“ кој се одржа во јуни, а беше дел од културната понуда на Битола ова лето. Талески и по истекот на градоначалничкиот мандат повторно се врати на старото работно место актер во Народниот театар.

За разлика од Театарот каде плати сѐ до денар, Општината остана должна кон другите инстиитуции од културата во Битола. Така, сега новата локална власт ќе треба за „Бит Фест“ да им плати на  Завод и музеј 300 000 денари, на Библиотеката од 200 000 денари и на Центарот за култура од 100 000 денари..

Понатаму, други поголеми суми од претходната локална власт за „Бит Фест“ биле исплатени кон  ДООЕЛ „Ван Груп“ (1 милион денари),  „Футура Тим“ ( 767 000 денари), Друштвото за театарска, филмска и телевизиска продукција  „Астра Веда“ (400 000 ден.) и други.

Општината им останала должна на дистрибутивната компанија „КТ филм и медиа“, фирмите „Катавеј“,  „Камај аудио ДООЕЛ“, како и на повеќе други фирми со помали износи.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека за „Бит Фест“ биле  склучени договори во износ од 220 000 евра. Досега исплатени се 180 000 евра, а за наплата остануваат уште 39 000 евра. Таа додаде дека дел од договорите бодат очи зашто под закрилата на културни манифестации се вршеле исплати на привилегирани поединци. За да не се соочат со тужби, неисплатените суми за „Бит Фест“ ќе се обезбедат од ребалансот на општинскиот буџетот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани