Webp.net gifmaker

Водата од Големото Езеро дава физичка енергија, вели фотографот Сашо Ставрев

Јули 12, 2019

Некои битолчани, вљубеници во планината, преку лето од горештините бегаат на Пелистер и се разладуваат во водите на Големото и Мало Езеро на врвот од планината. Двете се глацијални езера на надморска височина од околу 2.200 метри, па водата е студена и вистински предизвик е капењето во нив дури и преку лето. Меѓу планинарите кои годинава се искапија на Големо Езеро е и фотографот Сашо Ставрев, кој освен за разладување, посетата ја искористи и за со фотоапаратот да ги овековечи убавините на Пелистерските очи. Воедно направи фотогрфија и од волшебно зајдисонце на Големо Езеро. 

„Ако сакате да ги осознаете вредностите на Пелистер најпрвин посетете ги Големото и Мало езеро. Покрај нив ќе ја избришете тагата од душата зашто претстојот во нивната близина е неповторливо физичко и енергетко доживување. Езерата ќе ви ја отворат портата кон убавината на животот. Тие ви се на дофат само со мал физички напор било од кој правец да тргнете кон нив. А кога ќе стигнете таму, кога ќе ве заплиснат езерските бранчиња ќе го почувствувате и ритамот на своето срце и спокојот на душата. Ако пак сте малку похрабри влезете во нивната шир за да сфатите дека студенилото на водата може да ве поткрепи со нов физичка енергија за да ги посетите и другите вредности на Пелистер каде ќе ги абсорбирате и останатите негови благодети“, изјави за Апла.мк, Ставрев. ZAJDISONCEAASO

EZERO

EZERON 5

EZERP9

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани