АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И денеска група планинари од Олимпус Монс се искачија на Големо Езеро, тури што ги организираат во пресрет на проектот Прва на први, настан кој во изминатите години разбуди голем интерес меѓу вљубениците во планината. Турата овој пат се одвиваше во вистински зимски услови, со снежната покривка на Пелистер од 40 цм, температура од -7 степени и ветер со брзина од 50 до 60 км на час.
-Поради ветерот и снегот, не се користеше стандардната зимска патека за искачување, затоа што наносите од снег на места беа повеќе од еден метар и половина. Насоката на искачување после Дебел рид, се одвиваше по врвот Мразарник, па пристигнувањето на ГолемоЕезеро беше од јужна страна, а не од источна страна која е најчесто искачувана. Поради временските услови денес тоа беше најбезбедниот и најлесниот пристап, велат до Олимпус Монс.
Олимпус Монс во пресрет на Први на први до крајот на оваа година, еден ден од викендот ќе организираат планинарски акции на Пелистер.
Инаку турата со симболично име „Први на први“ за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина е 12 годишна традиција, а целта е првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2601 метар надморска височина.
Искачувањето, започнува 30 минути после полноќ, со што оваа е и првиот спортски настан во Новата Година.