2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчани за ФК „Партизан“ сошиле навивачко знаме долго 171 метар и го носеле со воз до Белград

Јули 27, 2019

Знаме долго 171 метар, а широко 40 сантиметри направиле битолските навивачи на „Партизан“ во седумдесетите години од минатиот век. Тоа е едно од најдолгите навивачки знамиња откако постои Фудбалскиот клуб „Партизан“ во Белград, а во Битола никогаш повеќе не се направило подолго.

Дел до верните битолски Гробари иницијатори на изработкака на навивачката застава беа и адвокатот Емил Главинче од Битола и Трајан Кочишки-Куља од село Црнобуки. Во чест на Кочишки денес се одржа ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК „Партизан“ и ФК „Црнобуки“.

„Знамето се состоеше од црна и бела боја, тоа беа двете бои препознатливи заФК ‘Партизан’. Платното го порачавме преку тогашниот директор на Свиларницата Хрони. Купивме крепсатен бел и црн и го дадовме да се шие во трикотажата ‘Пелистер’ во подружницата во Цапари каде директорот беше тврдокорен навинач на Црвена Ѕвезда. Тој не сакаше ништо живо да го фати и сработи тоа знаме. Меѓутоа, ми беше пријател и по налог на директорот на Свиларницата се соши знамето“, раскажува Главинче.

Бидејќи било многу долго морале да го носат на ливади во околината на градот каде можеле да го распостелат и да напишат „Верни навивачи на Партизан Битола“.

„Кога беше подготвено го оптегнавме низ битолските улици иако сообраќај имаше и на Широк Сокак. За првпат го однесовме на дербито меѓу ‘Партизан’ и ‘Црвена Ѕвезда’. За наша среќа тогаш ‘Партизан’ победи 3 према 1, тоа беше 1975 година.Неколку пати го носевме и го враќавме, прво со воз, а потоа и со возило“, се присетува Главинче.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани