АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учесничките на фолклорната група Shilpagya Ahmedabad од Индија и фолклорниот ансамбл CFR Regiomontano од Мексико го разубавија вечерва Ширток Сокак со својата убавина, игра и раскошна носија. Битолчани со интерес го проследија нивното учество на дефилето „Со песни и игри низ битолските улици“. Мексиканките велат дека добриот глас далеку се слуша, така слушнале само пофалби за фестивалот кој ја негува традицијата и културата и одлучиле да дојдат во оваа, како што велат далечна земја, и да придонесат за колоритот на песни и игри со нивниот специфичен танц. Тие настапуваат сите три вечери од денес, па се до понеделник во склоп на Вечерите на традиционална музика и игра што се одржуваат на Ракометното игралиште во Битола.