АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од најголемата житница во државата -Пелагонија, денеска премиерот Зоран Заев, министерот за земјодeлство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски, ја промовираа мерката “зелена нафта“ што ќе значи поевтино гориво за земјоделската механизација.
За оваа намена од Програмата за директни плаќања обезбедени се 200 милиони денари, а ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци кои имаат градинарски и поледелски култури, лозови и овошни насади. Државата ќе покрие 30 проценти од трошоците за нафта за механизацијата. Премерот Заев, во битолското село Кравари, ги подели првите картички за „зелена нафта“ на земјоделци.
Рече дека најголемиот трошок во производството отпаѓа токму на нафтата. Поради тоа цената на земјоделските производи е висока, а тоа ги прави неконкурентни на домашниот и на странските пазари.
-Поевтина или „зелена нафта“ земјоделците бараа повеќе од 10 години. Затоа, на почетокот на мандатот меѓу првите мерки на кои почнавме сериозно да работиме беше можноста да воведеме „зелена нафта“. Знаевме дека така најмногу ќе им помогнеме на земјоделците да ги намалат производните трошоци, да имаат порентабилно производство и да заработат повеќе. На овој начин и субвенциите кои се одвојуваат за оваа намена ќе имаат развоен ефект, бидејќи директно ќе се користат во производството и ќе создаваат нова вредност, истакна премиерот.
Субвенцијата најпрво ќе биде 30 проценти со тенденција да се зголеми до 50 отсто од малопродажната цена на горивото.
Пресметката кој земјоделец колку пари ќе има на картичката ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции. Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација. Земјодлеците веднаш се уверија како функционираат картичките за зелена нафта, на најблсиката бензиска станица каде ги наполнија резервоарите на земјоделеската механизација.
-Ова е историски ден за нас земјодлеците, бидејќи ова многу ќе ни помогне во обработка на земјaте, ќе станеме поконкурентни. Јас сум сточар, произведувам пченка, луцерка, пченица и јачемн и обработувам околу 13 хектари, рече Були Манушевски, од битолското село Меџитлија
Министерот за земјоделство Трајан Димковски рече дека целта на оваа мерка е да се направи земјодлеското производство поконкурентно, како на домашниот така и на европскиот пазaр.
-Со мерката „зелена нафта“, но и со сите досегашни преземени мерки ги намалуваме производствените трошоци, што за земјоделците значи поекономично производство и поголеми приходи. Со тоа земјоделскиот сектор го правиме поодржлив. Преку оваа мерка и институциите и земјоделците ги прилагодуваме кон заедничка земјодлеска политика на ЕУ, рече министерот Димковски.
Од денеска покрај земјоделците од Битола, платежните картички ќе можт да ги подигнат и земјоделците од Прилеп, Кривогаштани, Штип и Свети Николе. Во текот на нардните денови ќе бидат дистрибуирани картичките во останатите подрчани единици.
-Задоволство ми е што картичките ќе дојдат кај земјоделеците кои се на крај на годинашнава жетва, а знаеме дека секој денар е добредојден. Од овој момент сите земјоделците во подрачните единици каде веќе се дистрибуирани платежните картички можат да ги подигаат, а во наредниот период сите 55 илјади корисници ќе ги добијат картичките. Сакам да апалеирам, земјоделците пред да почант да ги користат картичките да одат на бензиските станици, да ја активираат картичката и да проверат дали износот на картичката одговара на износот на решението. Доколку е така можат веднаш да пристапат кон точење на гориво, рече Никола Бабовски, директор на Агенција за финансиска поддршка и рурален развој
До крајот на април следната година земјодлеците ќе треба целосно да ги искористат средствата што им се на картичките, а со нив ќе можат да купат изклучиво еуродизел гориво.