2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Покрај експертите и битолчани можат да нудат решенија за сообраќајниот хаос во градот

Август 16, 2019

Битола е еден од петте градови во регинот вклучени во проектот „Планирање на урбана одржлива мобилност“ кој се фокусира на засилување на капацитетите на локалните самоуправи за активно соочување со проблемите во сообраќајот во градските средини.

Проектот е дел од една поширка иницијатива за одржлива урбана мобилност во градовите во Југоисточна Европа финансиран од Владата на Германија, односно Германската агенција за развој - ГИЗ. Како резултата на на овој проект, локалната самоуправа треба да развие планови за одржилва урбна мобилност кои ќе бидат адекватен одговор на предизвиците во функционирањето на градскиот сообраќај. Во мај беше формиран регионаен експертски тим, а неговите членови ќе бидат техничка поддршка на општините во тој процес на планирање на урбаната мобилност.

-Процесот на планирање на мобилноста треба да претставува оптимизација на сообраќајот, односно од оној традиционален пристап кој што го имаме и каде во фокусот се автомобилите треба да преминеме на еден паметен пристап кој ќе ја испланира мобилноста на сите граѓани, не само на возилата, туку и на пешаците и на велосипедистите, како правилно користење на квлитетен јавен градски превоз. Задоволна сум што Битола е една од петте општини која што е избрана да биде претставник во регионт за имплементирање на ваквите пристапи и мерки за решавање на мобилноста во градовите и се надевам дека локалната самоуправа и сите стручни лица ќе го прифатат овој предизвик и ќе започнатда ги координираат плановите во насока на планирањ на мобилност. Тоа значи дека ќе биде потребно да се примени процес кој што ги редизајнира и релоцира уличните простори, а не да планираме широки коридори за движење на автомобили, вели проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, национален консултант за планирање на одржлива урбана мобилност.

Битолчани имаат можност преку анкетни листови, кои се анонимни, да кажат што им пречи во сообраќајот, што недостига во Битола, кои се нивните идеи.

-За првпат Општина Битола има вака координиран пристап за решавање на долгогодишниот проблем со сообраќајот. Треба да изработиме документ кој што меѓу другото треба да даде целосен системски пристап на тоа како треба да се дефинира сообраќајната мобилност во Општина Битола , што подразбира не само тоа каков треба да биде текот на возилата, туку и на сите учесници во сообраќајот. Она што е најважно, покрај сите субејкти, вклучени се и граѓаните со нивни иницијаиви кои што треба да ги достават преку анкетниот прашалник што го промовираме денес, а го има и на веб страната на Општина Битола. На овој начин ќе ги согедаме и нивните размислувања за тоа каде ги гледаат проблемите и решенијата кои се однсеуваат на мобилсноста во сообраќајот во Битола. Еден ваков пристап треба да даде решенија кои брзо ќе се имплементираат на терен, ќе бидат функционални, законски добро регулирани и на тој начин да преминиме кон решавање на овој долгогодишен проблем, вели градоначалничката Наташа Петровска.

Големиот број автомобил во Битола, кои според статистичките податоци ги има над 25 илјади кои сообраќаат по улиците низ градот, недостигот на паркинзи, исклучително лошата улична инфраструктура, со тесно сокаци, без тротоари, придонесуваат за сообраќајниот хаос во Битола. Досега некои обиди за воспоставување ред во оваа сфера не ги дадоа очекуваните резултати. Сега, актуелната локлна власт вели дека со овој сет од мерки, конечно ќе се регулира сообраќајот, а некои решенија ќе можат да се имплементрираат веднаш, а за други пак, потребно е а се создадат предуслови.

-Велосипедските патеки се нешто што го ветив како градоначалник во својата предизборна програма и нешто кон што целиме сега со сите овие активности. Но, Општината во минатото умеела да направи низа потези во решавањето на проблемите во ообраќајот, а времето покажало дека биле брзоплети и не дале излез од проблемите. Токму ваквите активности кои ги нјавуваме треба да дадат соодветни решенија. Што се однесува на динамкита, некои активности на терен можат да почнат од утре, односно онаму каде можеме веднаш ќе интевенираме. Но за останатите кои подразбираат, на пример, промена на категоризција на улици, нешто што му потребно на градот, ќе зависат од овој процес. Но, тогаш кога ќе го имаме како готов производ овој проект, дефинитивно ќе имаме системско решение кое што ќе ги реши проблемите, а меѓудругото ќе го отвори просторот за велосипедските патеки. Факт е дека постои простор каде што можат да бидат изведени велоспедските патеки, но сегашната категоризација на улиците која е дискутабилна, е нешто што мора да се регулира, додава Петровска.

Националниот координатор за планирање на одржлива урбана мобилност, Јасмина Буневкса Талевска, инку професор на Сообраќајниот факултет во Битола, вели дека првите мерки во рамките на овој проект треба да бидат имплементирани и тестирани во рамките на европската недела на мобилнст која ќе се одржи во септември.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани