2win800x200

Вечерна Богослужба со петтолебие во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во селото Трново

Август 27, 2019

Верници од Битола и потпелистерските села вечерва се собраа на Вечерна Богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во селото Трново.

На Богослужбата со петтолебие верниците се помолија за здравје, среќа и бериќет во семејството.

Отецот Борис на присутните им рече дека самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта, затоа радувајте се и бидете среќни им порача на верниците.

втора

ииииииии

ице

За големиот христијански празник во црквата имаше неколкумина кумови, домаќини од селото Трново. Еден од нив е и Христо  Пановски со сопругата Ане.

- Во духот на христијанските обичаи и традиции годинава сме кумови на Голема Богородица. За време на службата се вршеше и петтолебие. За петтолебието се подготвуваат  пет лепчиња исто така и вино и масло, и  на средината во црквата се извршува овој чин. Празнувањето продолжува утре,чекаме многу гости, вели Христо.

b10

Црквата „Успение на Пресвета Богородица” е изградена  во 1854 година, се наоѓа на самиот влез од селото Трново. За време на Првата Светска војна црквата била целосно уништена, при што на многу вредни реликвии им се губи секаков траг. За вредниот иконостас се знае дека бил демонтиран од страна на бугарските војници кои сакале да го пренесат во својата земја. Сепак, поради тешките воени услови, тие не успеале целосно во својата намера, па иконостасот подоцна бил најден и пренесен во црквата „Пресвета Богородица” во Битола.

Во 30-те години на дваесеттиот век црквата во Трново е обновена од страна на месното население и таа повторно станува центар на духовниот живот на селото. Во последните години, во летните месеци, дворот на црквата е место каде што се среќаваат иселениците од европските и прекуокеанските земји.

b1

bbb

b11

b4

 

b9

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани