АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спортската сала „Боро Чурлевски“во Битола го доби потребниот лик за Лигата на шампионите и Сеха лигата. Направено е осветлувањето, тоалетите, нов семафор, столчињата се нумерирани. Утре започнува Сеха лигата , а гостува рускиот клуб „Спартак Москва“, кој веќе два дена е во Битола.
Она што ги мачи битолчани и сите искрени љубители на ракометот е дали ќе дојде до спојување на клубовите „Еурофарм Работник “и „Пелистер“ и дали Битола ќе добие респектабилен тим. Нашите информации се дека целата процедура ќе се заврши до крајот на неделата, клубот ќе се преименува во „Еурофарм Пелистер“ и Битола пред полни трибини ќе дочека неколку ракометни гиганти.
Советот на Општина Битола претходно одржа две седници за прифаќање на платформата за ракометна Битола. Советот донесе неколу заклучоци и ја овласти градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска да ги преземе сите чекори за потпишување на договорот.