АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолските јавни претпријатија денеска започнаа со рушење на бараките кај Дрвен Пазар во кои порано беше сместена Управата за јавни приходи. Според најавите просторот ќе се уредува и ќе добие нов лик. Со години наназад, овие објекти беа надвор од употреба, речиси целосно беа уништени, а покрај лошата слика во централното градско подрачје, жителите се жалеа и на немили сцени кои што се случуваа во овие објекти.
-Во урбаната заедница Вангел Мајорот, во централното градско јадро, со години имаше проблеми со објектот кој одамна беше исфрлен од употреба, но исто така беше и дувло на девијантни појави. По барање на граѓаните од оваа урбана заедница, но и по согледувањата на комуналната инспекција од Општина Битола, овој објект се отрстранува и се расчистува цела област. За оваа парцела постои детален урбанистички план, но што понатаму ќе се прави ќе биде усогласено со потребите на граѓаните и со она што го предвидува ДУП. Доколку имаме согледување дека граѓаните имаат потреба од нешто друго, ќе дојде и до промена на ДУП, се во насока на задоволување на потребите на граѓаните од овој регион. ДУП во еден дел предвидува изградба на деловен простор, другиот е инграструктура, паркинг простор, но што ќе се реализира и во која насока ќе се движиме, крајниот збор ќе го имаат граѓаните“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Објектите во минатото ги користела УЈП, односно Министерството за финансии, но тие веќе не ги водат овие објекти во нивните списи и тој документ бил доставен во Општина Битола. Откако општината констатирала дека објектите се вон употреба, Комуналната инспекција која го изготвила решението за отстранување на објектите. Екипа на ЈП „Комуналец“ Битола денеска беше вкулучена на терен.
-Во заедничка координирана акција на сите јавни претпријатија, бидејќи ЈП „Kомуналец“ нема голема механизација, го расчистуваме овој простор кој подолго време претставуваше проблем за самите жители, па и минувачи, беше во лоша состојба и претставуваше дива депонија. Во наредните денови ќе го средуваме овој простор и на крајот ќе бидат уредени и зелените површини во соработка со Општина Битола“, истакна Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.