АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со средстава од ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола. Според Бурим Керими, советник од ДУИ во Советот на Општина Битола,објектот ќе се реконструра во надворешниот дел, фасадата, но и внатрешноста на објектот. Средствата за оваа намена се движат околу 300 000 евра.
-Денеска славиме 109 години од Конгресот на албанската азбука во Битола, среќни сме поради тоа, и имаме убава вест за целосна реконструкција на објектот кој е од особено значење за Албанците, како народ, без оглед во која држава живеат, вели советникот Керими.
Од синоќа во Битола престојува и претседателот на Р. Албанија, Илир Мета кој денеска треба да оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска и потоа пеш од Општина Битола на Булеварот 1 Мај, да го посети Музејот на албанската азбука.