АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот денес даде согласност за годишниот план за вработувања во општинската администрација на Општина Битола за следната 2020 година. Според донесениот план, моментално во општинската админситрација има 146 вработени, а по основа на пензионирање и испразнети работни места за в година се планираат 36 нови вработувања.
Општината в година ќе има потреба од пополнување на работни места раководители и помошни раководители, соработници, советници во неколку служби, самостојни рефернети, архивар, дактило работник, хигиеничар и друго.
Исто така, добиена е согласност за две места командир на Територијалната противпожарна единица во општината, од кие едното ќе се испразни по пат на пензионирање, а другото е испразнето, но непополнето од претходните години. Дадена е согласност и за вработување на четворица пожарникари.
Според законските одредби, секоја година мора Општината и Јавните претпријатија да предвидат број на работни места за кои имаат потреба од пополнување и за тоа зелено светло за даде Советот. Дел се предвидуиваат, но не значи дека задолжилено ќе се пополнат.