АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За период од една година новиот менаџерски тим на Клиничката болница Битола на чело со директорот д-р Зоран Лазаров, даде отчет за сработеното и реализираното. Од 7 август лани кога болницата доби нов менаџерски тим до денес се остварени над стотина нови вработувања, нова опрема , применети нови методи за работа, обнова и реконструкции на повеќе одделенија. Клиничката болница Битола за последната година успеа да реализира 116 нови вработувања на медицински и немедицински кадар.
-Болницата во Битола е засилена со 32 лекари, 1 дипломиран фармацевт, 1 хемичар, рендген техничар со ВСС, два дипломирани физиотерапевти, 32 медицински сестри, еден физиотерапевт со ССС, 1 акушерка со ССС, два фармацевски техничари, 15 хигиеничари, 9 болничари, и 19 лица немедицински кадар. Значи имаме 116 вработувања и не застануваме тука , се во интерес на пациентите. Со вакво темпо продолжуваме и во годината што е пред нас, велат од менџерскиот тим на болницата.
Што се однесува до опремата , во болинцата се набавени 4 ЕКГ апарати, , апарат за Гинекологија, кокерентна томографија-за Офталмологија, електрохируршки генератор, два привремени ПМ , еден спирометар, 5 инхалатори, ткивенпроцесор за Патологија, два апарата за континуирана торакала дренажа, пиштол за корбиопсија. Исто така за овој период поставен е во функција нов софтвер за 24 часовен ЕКГ холтер, за одделот ОРЛ набавен е фибер видео назоларингоскоп, ЕЕГ апарат со холтер, а во постапка е купување на два апарати за дијадинамик , електричен бобер за Ортопедија, лигашур како донација. Болницата е подновена и со опрема за централната кујна, фрижидер, рерна и кипер. Набавен е и систем за стерила вода, инфузиони раствори, воспоставен е РИС систем и дизајнирана и поставена нова ВЕБ страница.
Во Клиничката болница Битола во последната години се применуваат и се воведени нови методи и протоколи на работа на гастрографија, КТ ангиографија, кохерентна томографија.
-Воспоставен е протокол за и третман на витално загрозен пациент во Ургентна медицина, прашалник за рано откривање на сепса како и пристап кон пациент во хириршки гранки за заштита од ИХИ, велат од Клиничката болница Битола.
Во извештајот за работа на новиот менаџрески тим на болницата уште се наведува дека во период од една година извршено е холтикултурно уредување на дворот, поставен е систем за наводнување капка по капка, започнати се подготовки за активности за искористување на техничка вода, замена и санирање на одводен канал и канализација на Интернистички амбуланти, санирање на 4 големи дефекти на водоводната мрежа со што е намалена потрошувачката на вода за половина. Во исто време е поплочен ходникот на Интернистичките амбуланти, магнетната резонанца и пред кујната. Заменет и пуштен е во функција лифтот, поставени се автоматски врати во хируршкиот блок, на Одделението за педијатрија реновирана е итната амбуланта, дневната болница, санитарниот чвор и кујната. реновирани се соби на Неврологија, нова лекарска соба на Интерно, реновирана е просторија на Рендген за преглед и биопсија на дојка како и просторот на Неврохирургија. Во тек е преградување и реконструкција на болничките соби на Хирургија, поставен е преграден ѕид и затворен пристап кон Анестезија од административниот блок . Реновирана и проширена амбулантата на ОРЛ и Дерматовенерологија,а а направен е проекет и почната е тендерска постапка за реновирање на Хируршки амбуланти. Започнато е реновирање на ходникот во Управата и направена е реконструкција на санитарниот чвор за пациенти на влезот на болницата. Исто така направен е прокет и најден е инвеститор за рановирање на Ургентната амбуланта на Интерено.
Заменти се повеќе од 60 проценти од светилките во болницата на влезот и во дворот со лет-сијалици , започната е постапка за легализација на нелегализирани објекти како и реконструкција на покривот на Ментално здравје и Ортооптика, реконструкција на санитарниот чвор во Инфузиони раствори. Отстранувањето на сите недостатоци во објектот за Радио онкологија и завршена е втората фаза и започната е третата на ставање во функција на акцелераторот во Радио онкологија.
-Една година од работата на менаџерскиот тим на чело со директорот Лазаров, упатуваме посебна благодарност до Националниот координатор за здравство д-р Гоце Чакаровски за целокупната ангажираност да помогне да го вратиме сјајот на Битолската клиничка болница, како што беше некогаш, гордост на битолчани, стои во извештајот за последната година од работата на болницата испратен до апла.мк.